
German
Jun 23, 2026
Летна школа за Млади Полиглоти
6000.00 MKD
Во овој курс ќе се дружиме и ќе учиме странски јазици! Да научиме како се користи интернетот за учење и да видиме колку е голем светот! Што е тоа критичко размислување и дали е само за критика?
Здраво, Јас сум Марија и ја креирав нашата Летна школа за Млади Полиглоти специјално за децата и родителите на кои не им е сеедно. Односно, за СИТЕ!
ЗОШТО?
Бидејќи интернетот и компјутерот можат да се користат и за добри работи!
Во јули и август, 3 пати во неделата по 2 часа пред се ќе си го активираме мозокот. Ајде заедно да размислуваме, да наоѓаме решенија, да делиме комплименти и да зборуваме англиски и германски јазик.
Бидејќи денес сите сакаат да ни го украдат времето и да ни го сменат мислењето, ајде заедно да се запрашаме кое мислење е наше и кое е нашето мислење? На што ни личат буквите, која ни е омилена личност, кој е најубав град, која храна не радува и многу пати: ЗОШТО?
КАКО?
Преку многу именки, придавки, глаголи, ајде да ги научиме зборовите на англиски и германски, а со тоа да научиме и повеќе за себе и за светот!
Водени од азбуката, секој ден ќе биде посветен на една буква, а буквата ќе ни биде асоцијација за барем 100 зборови.
Секои среда, четврток и петок на Google Meet дечиња од 6то до 9то ооделение заеднички ќе си поставуваат и одговараат прашања, ќе презентираат планови и ќе бранат тези, а преку тоа ќе научат и многу нови зборови и ќе ја повторат граматиката.