
English
Jan 29, 2026
Курс по англиски јазик А1.1
2400.00 MKD
Со овој курс ќе научите да зборувате и пишувате на англиски јазик во забавна атмосфера со практични вежби за зборување.
Доколку сакате конечно да почнете да зборувате англиски јазик, овој курс е за вас.
Доколку се обидувате да најдете решение за потешкотиите со англискиот јазик, на вистинското место сте!
Нашите професорки се ПРОФИ и предаваат подолго од 10 години. Со текот на времето, преку практично искуство имаат развиено многу вештини и се подготвени да ги научат и најтврдокорните слушатели. 100%
Ова е нашиот проверен и ефикасен курс по англиски јазик. Курсот се држи онлајн и е во мали групи до 8 учесници.
Во моментов имаме уписи за почетна група, ниво А1.1 која ќе одржува 2 часа неделно со времетраење од 90 минути.
Колку чини?
Месечната рата изнесува 2400 МКД.
Доколку веќе сте наш ученик или сакате да учите фамилијарно или со другар/ка, пишете ни за да ја корегираме цената според бенефициите кои ви следуваат.
Што содржи курсот?
Курсот е дизајниран во повеќе модули. Секој модул содржи 12 лекции кои се обработуваат соодветно за секој вид на интелигенција.
Покрај работата со учебникот, заедно ги решаваме и вежбите во работната тетратка како и додатни вежби за проширување на знаењата.
На секои 3 лекции се одржува час за повторување на кој се повторува поминатиот материјал и се утврдуваат знаењата.
Зборување се вежба на секој час со секој ученик и сите се континуирано активни на часовите.
На крајот на секој модул се прави тест за да се процени успехот и да провериме што сме научиле.
На крајот на Модулот А2.2. се прави симулација на интернационален испит.