logo
КурсевиТуториБлогЗа Нас
Стани туторПриватностКолачиња

Придружи се на нашата заедница

​

​

​

​

Copyright © BookATutor 2026

Изработено Од:Ред Пет

Сите права се задржeни. Ниту еден дел од објавените текстови не смее да се репродуцира, копира или снима по електронски или механички пат без претходно одобрение од нас.

Летна школа за Млади Полиглоти

Здраво, Јас сум Марија и ја креирав нашата Летна школа за Млади Полиглоти специјално за децата и родителите на кои не им е сеедно. Односно, за СИТЕ!

ЗОШТО?

Бидејќи интернетот и компјутерот можат да се користат и за добри работи!

Во јули и август, 3 пати во неделата по 2 часа пред се ќе си го активираме мозокот. Ајде заедно да размислуваме, да наоѓаме решенија, да делиме комплименти и да зборуваме англиски и германски јазик.

Бидејќи денес сите сакаат да ни го украдат времето и да ни го сменат мислењето, ајде заедно да се запрашаме кое мислење е наше и кое е нашето мислење? На што ни личат буквите, која ни е омилена личност, кој е најубав град, која храна не радува и многу пати: ЗОШТО?

КАКО?

Преку многу именки, придавки, глаголи, ајде да ги научиме зборовите на англиски и германски, а со тоа да научиме и повеќе за себе и за светот!

Водени од азбуката, секој ден ќе биде посветен на една буква, а буквата ќе ни биде асоцијација за барем 100 зборови.

Секои среда, четврток и петок на Google Meet дечиња од 6то до 9то ооделение заеднички ќе си поставуваат и одговараат прашања, ќе презентираат планови и ќе бранат тези, а преку тоа ќе научат и многу нови зборови и ќе ја повторат граматиката.

Tuesday, June 23, 2026