Секој глагол во германскиот јазик е составен од два основни дела, односно Verbstamm (корен на глаголот) и наставка –en.

Еве неколку примери:


kommen – komm + en

fragen – frag + en

arbeiten – arbeit + en

heißen - heiß + en


За да го смениме по лица глаголот во сегашно време, на основата на глаголот ги додаваме следните наставки:

-st

-t

-en

-t

-en


Односно глаголите ја добиваат следната форма:


Kommen – доаѓа


Ich komme

Du kommst

Er/sie/es kommt

Wir kommen

Ihr kommt

Sie /sie kommen


Fragen – прашува


Ich frage

Du fragst

Er/sie/es fragt

Wir fragen

Ihr fragt

Sie /sie fragen


Ова е правилото за менување на правилните глаголи во сегашно време.


За вежбање обидете се со следните глаголи:

Machen – прави

Leben – живее

Wohnen – живее

Arbeiten – работи

Studieren – студира

Glauben – мисли

Denken – мисли

Kosten – чини

Stehen – стои

Stellen – става

Gehen – оди

Schreiben - пишува