Доколку се обидувате да најдете решение за потешкотиите со германскиот јазик, на вистинското место сте!

Јас се викам Марија и предавам германски повеќе од 10 години. Со текот на времето сретнав различни профили на ученици кои од најразлични причини требаше да учат германски. Многу голем број од нив успешно научија германски и веќе се самостални говорители на јазикот или извадија 5ки на тестовите и ги положија испитите.


Како можам да ви помогнам?        


Покрај индивидуалните часови кои ви се на располагање во секое време, на оваа платформа нудиме и веќе проверен и ефикасен курс по германски јазик. Курсот се држи онлајн и е во мали групи до 6 учесници.

Програмата по која се учи е реномирана и е истата по која работи и Гете Институтот, односно учебникот е Меншен.

Во моментов имаме уписи за 2 опции и тоа:

-         2 часа неделно по 90 минути

-         3 часа неделно по 90 минути


Колку чини?


За 2 часа неделно се плаќа 3000 МКД месечно

За 3 часа неделно се плаќа 4500 МКД месечно

Доколку сте ученик или сакате да учите фамилијарно или со другар/ка, пишете ни за да ја корегираме цената според бенефициите кои ви следуваат.


Што содржи курсот?


Курсот е дизајниран во 6 модули до Б1.2 ниво. Секој модул содржи 12 лекции кои се обработуваат соодветно за секој вид на интелигенција.

Покрај работата со учебникот, заедно ги решаваме и вежбите во работната тетратка како и додатни вежби за проширување на знаењата.

На секои 3 лекции се одржува час за повторување на кој се повторува поминатиот материјал и се утврдуваат знаењата.

Зборување се вежба на секој час со секој ученик и сите се континуирано активни на часовите.

На крајот на секој модул се прави тест за да се процени успехот и да провериме што сме научиле.

На крајот на Модулот А2.2. се прави симулација на испит од Гете.