Невозможната мисија за учење странски јазик: Течно зборување. Така барем им изгледа на учениците кои сè уште не зборуваат течно. Што можете да направите?


Првата средба надвор од училницата


Ако сте учеле јазик неколку години, очекувате дека сте го научиле. И тогаш, одеднаш среќавате турист кому му е мајчин јазик и ве прашува: „Здраво, можеш ли да ми кажеш каде е трговскиот центар?“- Како се чувствувате? Замрзнати? Заглавени? Дали одговоривте како во вашите фантазии?


"Aaagh... linx... аh.. nein.. rechts zwei... Do you speak English?"


Обично, првите разговори надвор од безбедноста на училницата звучат вака. И верувале или не, тоа е во ред.


Што учевте до денес?

Ако е интензивен курс, во првата година ја учите структурата на цел јазик, граматика, начини... скоро се. Првите посериозни вежби за зборување доаѓаат приближно после првиот месец. По третиот месец, веројатно можете да одговорите и да поставите прашања како „Каде е музејот?“ - самостојно. Значи, околу 6 месеци имате пракса за зборување скоро секој работен ден и толку сте сигурни дека знаете се... и кога конечно ќе се случи таа средба надвор од училницата - останувате без зборови. Флуентноста е дама која тешко се освојува.


Поставување реални очекувања за флуентност


Флуентноста е дијамантот на круната на зборувањето на втор јазик. Тоа е вештина која доаѓа по многу вежбање и вистински стрес. Работата е што учењето, теоретски, ќе направи нови патишта во вашиот мозок, но силните патишта што ви се потребни за флуентност можат да се изградат само со изложеност на јазикот и ситуации во кои ќе морате да одговорите на новиот јазик.


Единственото докажано дејство што можете да го преземете за да го достигнете нивото на флуентност што ви треба е да разговарате со лица на кои тој им е мајчин јазик. Нема ништо посилно, постресно и поефикасно од тоа да го слушате јазикот во неговата оригинална форма и да треба да одговорите. Практикувајте вакви разговори, барем еден час на ден, месец до два, и ќе бидете флуентен говорник. Игнорирајте го стравот, не размислувајте премногу, само најдете соговорник и поставете прашање.




Каде да се најде соговорник од тоа јазично подрачје? Па, во блиска иднина ќе можеме да понудиме сесии еден на еден со соодветни соговорници, но дотогаш, има многу други платформи каде што можете да резервирате сесија со некого само со цел вежбање на јазикот. LiveXP и Preply се само некои од нив.


Со практикување на разговори со природни говорители, со текот на времето ќе ги надминете сите потешкотии во зборувањето. Зборовите ќе почнат да ви доаѓаат во цели фрази, ќе престанете да размислувате премногу за граматиката и вашиот изговор ќе се подобри.


Веројатно долго откако ќе почнете да зборувате течно, сеуште нема да бидете совршени, но луѓето ќе можат целосно да ве разберат. Исто така, нема да правите некои значителни грешки. А тое а всушност флуентност.


Справете се со анксиозноста и перфекционизмот


Не постои лесен начин да изградите силни патишта во вашиот мозок. Затоа искористете го стравот и вознемиреноста од првите разговори во ваша корист. Бидете доследни во обидите и погрижете се да се ставите под доволно притисок, па разговорот да остави силна трага во вашиот мозок. Ова е најкраткиот пат до флуентност.


Други корисни совети:

  • бидете изложени на јазикот,
  • вежбајте пред огледало
  • користете едноставни реченици
  • бидете редовни
  • спијте доволно и дишете длабоко
  • прославете ги малите достигнувања - тие ве носат до целта


Заклучок

Тајната формула за флуентност е комбинација од „Вежбањето не прави совршени“ и „Она што не те убие ќе те направи посилен“. Звучи грубо, но во реалноста лесно се постигнува.